КУЉАР САЛАМАНДЕР КУМАНОВО започна со работа како занаетчиски дуќан во 1963 година со изработка на метални огради за тераси, изработка на светларници и заварување на метални елементи. Во 1993 год. како Претпријатие за производство ја прошири својта дејност.

Изработува ПВЦ столарија со висок квалитет и алуминиумски портали за модерен изглед на Вашиот објект. Исто така се занимаваме и со изработка на ковани огради, огради за тераси, огради за внатрешни скали и заштитни решетки. Составен дел од нашето производство се и сите видови на стакло и термопан стакло со аргонско полнење. Сето тоа го работиме професионално и прилагодливо за секоја индивидуална потреба.

ПОГОН

Производниот процес се одвива во сопствен погон опремен со најнови машини за обработка на ПВЦ и алуминиумски профили, линија за изработка на термопан стакло, машини за ковење и обработка на полно железо, апарати за заварување (аргонско, СО2, гасно).