Природна вентилација DUCO

Денешните домови имаат доста квалитетна изолација, прозори и врати. Поради тоа, свеж воздух во животната средина влегува единствено кога се отвараат врати и прозорци. Вентилацијата ни е потребна да од животната просторија ги исфрлиме несаканите мириси, влага од вода и одстојан воздух и ги замените со свеж воздух.

Лошата вентилација може да биде причина за акумулација на разни контаминирани супстанци кои можат да бидат штетни за здравје на луѓето. Уште еден недостанок на вентилација е пораст на влага, доколку животната просторија нема правилна вентилација доаѓа до проблеми со влажност и настанување на влага. Влагата покрај тоа што е штетна за здравје на луѓето, може да оштети и делови од градба на просториите. Поради овие причини вентилацијата е неопходна за Вашиот животен простор.

Промена на воздух во просториите треба да се прави секој час додека престојуваме во нив. Во поодминат период, проток на свеж воздух се постигнувало со самиот начин на градење на куќи, додека во понов период се повеќе се јавува потреба за заштита на енергија. Поради тоа и начинот на градба на куќите и станови станува пософтициран и овозможува потполна одвоеност од надворешниот воздух, со што се наметнува и потребата за вентилација.

DUCO прозорските вентилациски системи се грижат за природен проток на свеж воздух во просториите за живеење и работа.

За разлика од отворените прозорци, овие системи заштитуваат од обивање, дожд, ветер и инсекти.

Во комбинација со механички одвод на загаден воздух од загадени простории (кујна, купатило,..) DUCO вентилациските системи се грижат за една здрава и пријатна внатрешна клима. Во зависност од типот, може да се стават на стакло на секој тип прозор (ПВЦ, алуминиум, дрво) и предвидени се со отвор за довод на воздух со подесување. Препорачлива висина е минимално 180 см над подот.

Вентилацијата е неопходна за одстранување на штетните хемиски материи и пара.

  • Проветрување на економичен начин со природна вентилација
  • Рамномерно количинско проветрување – конролирана вентилација – економичност на енергија
  • Мала шанса за појава на влага: ова не е само естетски проблем, присуството на влага во животна средина се одразува многу лошо по здравје на луѓето и исто така е и причина за алергиски заболувања.
  • Подобар квалитет на воздух во просториите со користење на DUCO вентилатори: значи нема несакани главоболки, поспаност и замор, кои се јавуваат при недоволно свеж воздух во просторијата на престој.
  • Доволен проток на свеж воздух за корисниците во просторијата и апаратите кои трошат енергија
  • Природен проток на свеж воздух, без бука од мотори и без трошење на електрична енергија.
  • Едноставен прозорски вентилациски систем – едноставно монтирање
  • Без трошоци на одржување
  • Без промаја – корисниците немаат пореба од затварање на вентилациониот профил
  • Ниска инвестиција: непотребно е проветрување со специјални вентилациони канали
  • Многу важно – никогаш повеќе кондез на стакло.

DUCO вентилациските профили гарантираат истовреден квалитетен воздух, како и економичност на енергија. Струење на воздухот се доведува на природен начин со помош на капак за подесување од една страна и самоподесувачки капак од друга страна. Самоподесувачкиот капак работи механички и се грижи количината на проток на воздух да остане иста при промена на сила на ветер, што значи дека количината на воздух е регулирана независно од надворешните временски неприлики.