Ролетни, венецијанери и комарници

Роло комарник – изработен од алуминиумски профили (кутија и водици), мрежата е од квалитетен материјал (фиберглас) која е отпорна на временски услови и години на експлоатација.

Фиксен комарник: алуминиумски профили и мрежа.

Ролетни: Комбинација на ПВЦ прозор со ролетна претставува совршеност за топлотна изолација, регулирање на светлост во дневниот престој, изолација од врева, чувство на сигурност.

– Алуминиумски ролетни се најквалитетна заштита од сончева светлина, а истовремено имаат и функција на звучна и топлотна изолација, бидејќи ламелата е исполнета со полиуретанска пена.
Се вградуваат истовремено со ПВЦ столаријата, a може и накнадно.

Големата статичка издржливост влијае на протипровална кражба.

Механизот на спуштање и подигање може да биде со стандарден автомат преку трака или автоматски преку електромотор вграден во кутијата за ролетна.

– Венецијанерите се едноставно решение за заштита од сонце или несакани погледи. Едноставни за ракување, прилагодливи за регулирање на светлината, лесни за одржување и даваат современ изглед на ентериерот!

Изработени се од алуминиумски профили во палета на многу бои, кои лесно ќе се вклопат во секој амбиент и ќе го освежат Вашиот простор.