Алуминиумска столарија

Современ изглед и избор на различни профили овозможуваат широка примена на алуминиумската столарија како во индивидуалната изградба така и во градењето на работни простории и индустриски објекти.

КУЉАР ДОО Куманово изработува алуминиумска столарија од профили на ALUMIL Грција. Алуминиумски профил со термо мост кој е одличен за столарија на станбен простор и профили – ладен алуминиум за внатрешни прегради или портали за деловни простории.

Профилите може да бидат пластифицирани во која било боја по рал-карта или елуксирани профили кои најчесто се боја на бронза или на сиров алуминиум.