ПВЦ столарија Саламандер

КУЉАР ДОО Куманово произведува ПВЦ прозорци од профили на реномиран произведувач од Германија SALAMANDER.

Саламандер профилите се разликуваат од другите профили на пазарот со својот висок квалитет, техничките карактеристики, заоблени линии, совршен дизајн, висок сјај и снежно бела боја, која не ја достигнал ниеден друг профил.

Профилите на Саламандер се особено лесни за одржување, отпорни на надворешните влијанија преку пластика со силно згусната структура на горната површина. Силните челични зајакнувања гарантираат сигурна и долготрајна функција. Повеќе коморната техника на профилите и заптивноста нудат оптимална заштита на топлина и заштита од бучава.

3D профил
2D профил
Профил BluEvolution
Влезни врати
Облици, бои, декорации
Оков

3D профил – За сите кои не трпат компромиси.

Саламандер 3Д представува софистициран профил за луѓе со стил. Со своите елегантни заоблени линии и врвни технички карактеристики денеска представува број 1 во светот.

- 76 мм длабочина, врхунски термоизолаторни карактеристики
- елегантен заоблен дизајн, најатрактивен изглед на профил на пазарот

- пет комори со три гуми за диктување, обозможува совршена заштита од губиток на енергија и зголемување на звучната изолација

- Технички карактеристики: Uf=1.3 W/m²K, Звучна изолација до 46 dB.

- голема средна комора со вграден челичен профил 1,5 мм, гарантира долготрајна функционалност.

- отпорен на сите временски непогоди, со својата квалитетна изработка и висока површинска густина, Саламандер профили не пропаѓаат под влијание на негативните временски неприлики.
- снежно бела боја, најбел профил на пазарот.

Врати се горе

2D профил

Профил кој ги задоволува стандардите на денешното современо живеење.

- 60 мм длабочина на каса и 80мм длабочина на крило, импресивни карактеристики за термо и звучна изолација.

- елегантен заоблен дизајн, елегантен изглед на профил

- четири комори со две гуми за диктување.

- Технички карактеристики: Uf = 1.4 W/m²K, Звучна изолација до 46 dB.

- голема средна комора со вграден челичен профил 1,5 мм, гарантира долготрајна функционалност.

- отпорен на сите временски непогоди, со својата квалитетна изработка и висока површинска густина, Саламандер профили не пропаѓаат под влијание на негативните временски неприлики.

- снежно бела боја, најбел профил на пазарот.

Врати се горе

Профил BluEvolution -прозорец на иднината-

Новата генерација на прозорци е перфектна комбинација од иновативна и конвенционалната врвна технологија. Изразената длабочина од 92 мм, носи извонредна топлинска заштита и најдобра енергетска ефикасност.Профилот bluEvolution го поставува трендот за тенки и чисти обликувања.

- Системот bluEvolution е нов совршен профил, најголема ширина од сите профили на пазарот со 92 мм.
- Исклучително внимателно конструиран и дизајниран профил со заоблено крило, со сјајна алпско бела боја.
- Шест комори и три активни дихтунга, специјално констурирани, вовлечени во профилот, со што ја спречуваат секоја можност за продор на ветер, вода, висока и ниска температура.
- Технички карактеристики: Uf=1,0W/m2K, Звучна заштита Rw do 47 dB
- bluEvolution профилите за рам и крило појачани се со поцинкуван челичен профил 1,5 мм

Креативните планирања се почесто користат необични облици. Покрај користење на заоблени , коси и асиметрични конструкции на агли, како најново издвојување ПВЦ прозор во идеална кружна форма со отварање по вертикална оска со максимално дихтување.
При градење или реновирање во прв план е техничкото планирање и изведување на прозорите, како да се добие оптимален поглед, поврзување на просторот со тераса за попријатен амбиен за летниот период и да се исполнува топлотната изолација во зима.
Клизните врати се идеално решение за активност на просторот, може да се направи и варијанта на прозор. Едното крило е фиксно, а крилото за отварање е клизно и на кипање.
Хармо врати се изработуваат од повеќе крила, кои се склопуваат на едната страна на внатре, а едното крило може да биде и обично отварање со кип.

Врати се горе

Влезни врати со панел:

Бои и декорации:

Махагони

GoldenOak – златен даб

Темен храст

Врати се горе

Оков

ПВЦ столаријата е опремена со оков од реномиран производител SIEGENIA Германија, лесен за ракување, изработен од квалитетен материјал.

Врати се горе