Стакло
-Термоизолационо 4мм+16+4мм флот класа
Термопан стакло составено од две стакла, разделени со херметички затворен простор што содржи сув воздух со дистанцер, бутил трака и други потребни компоненти.
За добивање поголеми топлинскиизолациски својства kако второ стакло се употребува нискоемисионото стакло (low-E).
-Нискоемисионо стакло (Low-E)
Високи перформанси на ниска емисионост со U-вредност од 1.1 W/m2K и дури до U-вредност од 0.06 W/m2K, во трослојно застаклување во комбинација од две ниско емисиони стакла и едно обично исполнети меѓусебе со гас аргон.
Стаклото е дизајнирано да се користи само во термоизолациони стаклени пакети кое ја чува топлината во зимските периоди, го спречува продирањето на ултравиолетовите зраци, максимално ја пропушта светлината и сончевата енергија.
Во зимскиот период ги намалува трошоците за греење и до 50% во однос на термоизолациониот пакет со две флот стакла.
Дебелина на стаклото: 4-6mm.
Planitherm 4 S ( стакло 4 сезони)
Planitherm 4 S овозможува идеална температура – комфортот и ладењето се осигурани дури и во најжешките денови, ја намалува потрошувачката за климатизација. Стаклото се вика 4 сезони затоа што нуди комфорт и заштеда на енергијата преку целата година.
Ниска емисионост со U-вредност од 1.0 W/m2K
Трослојно застаклување со високи перформанси.
Стакло пакет со три стакло, со што се формираат два затворени простори со воздух, со што се зголемува изолационата моќ .
Стакло пакети со три стакла се применуваат кога се бара многу ниски вредности помали од U 1.0 W/m2K.